Полицијата приведе тројца охриѓани: Во возилото им пронашла марихуана

Охрид

На 22.09.2020 во 02.40 часот во СВР Охрид биле приведени тројца охриѓани, двајца на 19-годишна возраст и еден на 20-годишна, затоа што при преглед кај нив во патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Please follow and like us:
Tagged