Охриѓанец чувал марихуана во тегли

Охрид

СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и одредена му е мерка притвор, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– При преглед извршен на 22.09.2020 полициските службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом во Охрид биле пронајдени четири тегли со марихуана, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged