Само 1% од граѓаните ја гледаат Бугарија како пријател

Македонија

Директорот на Институтот „Преспа“, Андреа Стојковски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за перцепциите на граѓаните за Договорот со Бугарија мерени во истражување направено за потребите на институтот.

– Ако го погледнеме односот на македонските граѓани кон државите кои воопшто ги следевме во целото истражување, на прашањето која држава или унија е најголем пријател на Македонија, и таму Бугарија многу ниско котира. Дури и општо гледано, многу ниско котира. Само 1% од нашите граѓани ја гледаат Бугарија како пријател на државава, вели Стојковски и оценува дека и договорот е причина за ова.

Како што кажа Стојковски, во истражувањето се разгледувале повеќе аспекти – соседство, економска, политичка или културна соработка со 24 држави.

– Се обидовме да ги утврдиме и стереотипите на граѓаните кон државите коишто ги истражувавме. Одвреме навреме ќе видите некој резултат којшто изненадува или придонесува за блага насмевка затоа што се сеќавате на некои времиња. На прашањето за тоа која е првата асоцијација за нашите граѓани кога ќе се спомене Бугарија, најголемиот дел од луѓето зборуваат за туризам или за одредени знаменитости, меѓутоа можете да видите асоцијација – пасош, Бојко Борисов, но и асоцијација од почетокот на 90-те – црвени Бугарки, што многу добро зборува за односот на нашите граѓани кон оваа држава, вели Стојковски.

За 3% од граѓаните први асоцијации им се „непријатели, фашисти, окупатори“. Само 23% од граѓаните имаат позитивно мислење за договорот со Бугарија, а високи 42% имаат негативно мислење.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged