МВР забрани групно следење на мечот Македонија-Косово

Македонија Спорт

Министерството за внатрешни работи објави соопштение пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Косово кој е закажан за 20.45 часот на арената „Тодор Проески“. МВР побара навивачките групи да се воздржат од инциденти и напомена дека нема групно следење на натпреварот.

„МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи постапи во однос на обезбедување сигурност на учесниците. Преземени се сите мерки за безбедноста на фудбалерите од пристигнувањето во Скопје, за време на мечот и по одигрување на натпреварот. Преземени се и сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. Поради тоа не е дозволено присуство на публика на трибините. МВР апелира да не се гледа групно натпреварот, а исто така до навивачите се апелира да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, зашто тоа најстрого ќе биде санкционирано“, соопшти МВР.

Please follow and like us:
Tagged