Донев до локалната власт за „Абас Емин“: Вашата самобендисаност ќе ви пресуди, но за жал до тогаш ќе трпат граѓаните

Охрид

Реконструкцијата на „Абас Емин“ и проблемите кои ја пратат вчера ги зовреа социјалните мрежи. Се објавуваа слики од граѓани како газат кал и се бараше одговорност од градоначалникот Константин Георгиески.

Со коментар на оваа тема се огласи и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.

„После првиот дожд за жал се оствари тоа што го предупредив дека без соодветен тампон и негово стручно поставување улицата ќе почне да пропаѓа. Ќе се прават дупки и мини свлечишта а подземната инсталација ќе има постојани дефекти. Во нискоградбата нема место за импровизации, непрофесионалност, штедења и кратења. Со таков однос резултатот ќе биде ваков. Вашата самобендисаност ќе Ви пресуди, но за жал до тогаш ќе трпат граѓаните…“, напиша Донев на Фејсбук.

После првиот дожд за жал се оствари тоа што го предупредив дека без соодветен тампон и негово стручно поставување…

Posted by Saso Donev on Wednesday, October 7, 2020
Please follow and like us:
Tagged