Во автобуската несреќа загина и синот на пратеникот Трпевски

Македонија

Во трагичната автобуска несреќа која се случи попладнево на патот од Скопје кон Тетово, загина и Јовица Трпевски кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ, објави НОВАТВ.мк

Во Институтот за судска медицина се идентификуваат лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак. Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов вечерва на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти. Уште еднаш нагласи дека пет лица се починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет сеуште се утврдува. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged