Заев ќе затворал факултети, а ќе отворел дебата за легализација на марихуаната

Македонија

Премиерот Зоран Заев во синоќешната емисија Економски магазин на Алсат телевизија, кажа дека ќе ја намали бројката на факултети во Македонија. Според него биле 189, а сега се 134 и таа бројка ќе паѓа.

– Почнат е тој процес. Ќе паѓа затоа што не се сите квалитетни. Готово, заврши времето на продукција и штанцање дипломи, рече Заев.

Тој истакна и дека ќе мора да се превземе нешто со декриминализацијата и легализацијата на марихуана.

– Да ја отвориме дебатата и да видиме. Ќе правиме нешто со декриминализација и легализација на марихуаната како појдовна основа за зголемување на угостителството, рече премиерот.

Заев во емисијата посочи дека сега било време за храбри чекори.

Please follow and like us:
Tagged