Полицијата приведе охриѓанец кај кого биле пронајдени марихуана и семки од Канабис сатива

Охрид

На 07.10.2020 година на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 45-годишен охриѓанец. При преглед на патничко возило  „Фиат Мареа“ со струшки регистарски ознаки, во кој се наоѓал, пронајдени и одземени се марихуана и семки од растението Канабис сатива, соопшти Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

– Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged