Македонија чекор поблиску до Европското – совладана селекцијата на Косово

Спорт

Македонија со победата од 2-1 над Косово во полуфиналниот плејоф дуел одигран вечерва на националната арена „Тодор Проески“ се пласираше во финалето на фудбалската Лига на нациите. На тој начин нашата најдобра фудбалска репрезентација дојде на чекор од историски пласман на едно големо натпреварување, Европското првенство.

Македонија поведе со автоголот на Фидан Алити во 16-та минута, гостите изедначија преку Флорент Хадерѓонај во 29-та минута, додека конечниот резултат го постави дефанзивецот Дарко Велковски.

Избраниците на Игор Ангеловски во финалето ќе гостуваат кај Грузија, која претходно беше подобра од Белорусија со 1-0. Победникот од завршниот меч кој е закажан за 12 ноември во Тбилиси, ќе избори пласман на Европското првенство в година.

Please follow and like us:
Tagged