Пожар во угостителски објект во Пештани

Охрид

На 11.10.2020 година во 02.15 часот во СВР Охрид пријавен е пожар во угостителски објект во охридската населба Пештани, сопственост на А.П.(39) од истото село, при што биле оштетени повеќе електрични уреди, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а по извршениот увид во присуство на вешто лице, констатирано е дека причина за пожарот е неисправна електротехничка инсталација, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged