Жителите на „Абас Емин“ останаа и без вода

Охрид

Освен што газат кал, жителите на „Абас Емин“ од синоќа останаа и без вода. Причина за тоа е дефект на водоводната мрежа, односно пукање на цевка.

Поради тоа без водоснабдување со корисниците на потегот од пресекот со улицата „Охридска Бригада“ до пресекот со улицата „Крали Марко“.

Жителите се револтирани од односот на локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески. Тие реагираат на социјалните мрежи, каде се жалат дека реконструкцијата трае предолго, а тие се приморани да носат чизми кога излегуваат од своите домови. Бараат градоначалникот да дојде и да види како тие живееат во овие, како што велат, нехумани услови. Има и такви кои моменталната слика на улицата ја споредуваат со улици од некои од неразвиените земји.

Please follow and like us:
Tagged