Охриѓанец украл картичка од сограѓанец и потрошил над 30.000 денари

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Тој, на 27.03.2020, од 67 годишен охриѓанец одзел банкарска картичка која ја искористил преку пост терминали во повеќе трговски објекти. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 34.366 денари, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged