Донев за протестот во Охрид: Секој со својот револт и борба, да се обединиме и да го победиме злото кое надвиснало над нашите глави

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид одржа протест против поскапувањето на струјата, но и против сите погрешни политики на власта.

По тој повод се огласи првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев. Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша:

„Секој со својот револт и борба. Едни против поскапувањето на струјата, други против поскапувањето на водата. Против криминалот, против реваншизмот или против предавствата.. Да најдеме секој своја причина и да не се разединуваме како граѓани. Да се обединиме и го победиме злото кое надвиснало над нашите глави.“

Секој со својот револт и борба. Едни против поскапувањето на струјата, други против поскапувањето на водата. Против…

Posted by Saso Donev on Tuesday, October 13, 2020
Please follow and like us:
Tagged