In memoriam: Почина Борис Џепароски, охридски и македонски уметник, вљубеник во Македонија

Охрид

На 47 години, во Германија ненадејно почина македонскиот уметник Борис Џепароски, кој беше познат по своите дела направени со резбање дрво со моторна пила.

Џепароски беше познат и по својата љубов кон Македонија.

– Сè е минливо, Македонија вечна!“, ќе порача Џепароски во една пригода.

Својата љубов кон Македонија тој ја изрази и со аплицирање на сонцето од Кутлеш на покривот од својата куќа во Германија. Познат е по своите скулптури од дрво на Исус и „Македонија – Феникс“ поставени во германското гратче Дорнхан каде што живееше, на Св. Наум поставена во 2006 година во истоимениот манастирски комплекс во Охрид, потоа по гитарата од камен поставена покрај гробот на Тоше Проески во Крушево итн.

Почивај во мир голем македонецу, Охрид вечно ќе те памети.

Please follow and like us: