Што му ветил Заев на Борисов? Дали Македонија ја чекаат нови уставни измени по теркот на Договорот од Преспа?

Македонија

Молк од владата откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изнесе нови информации за односите со Бугарија. Mицкоски го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека за време на последната посета на Софија добил „непристоен предлгог“ поврзан со Договорот за добрососедство.

Конкретно, Мицкоски рече дека колешката на Османи, Екатерината Захариева се залагала за нов договор сличен на тој што го имаме со Грција кој во најголема мера би бил поврзан со македонскиот јазик и со неговото постоење.

– Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016 година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.

Со ова се потврдува дека Заев со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бојко Борисов не само што не го реши проблемот со Бугарија туку уште повеќе ги искомпликува односите.

Барањата на Бугарија се јасни и гласни- да прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин и дека македонскиот јазик датира од 1945 година и е бугарски дијалект. Без овие две прашања бугарските власти се сериозни дека нема да има почеток на преговорите за Македонија.

Please follow and like us:
Tagged