Од толку многу наставници и професори, Царовска за просветен работник на годината избра директор на училиште во Охрид

Охрид

Министерката Мила Царовска денеска за просветен работник на годината за учебната 2019/2020, го избра Марјан Радески кој веќе три години е директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид.

Се поставува прашањето, како може директор да биде избран за просветен работник на годината и по кој критериуми?

Имено, според член 5 од Правилникот за доделување на признанија, пофалби и награди, секој којшто сака да учествува во оваа постапка, треба да биде предложен од некое здружение на општинско или на регионално ниво; од соодветниот актив; од стручни тела на установата каде работи, а може да се предложи и самоиницијативно.

Според член 16 од истиот Правилник, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– да има завршено соодветно образование според законот, согласно дејноста;

– да има подолг временски период (најмалку 15 години) поминат во воспитно – образовната дејност;

– да има остварени резултати во воспитно–образовната дејност со децата, учениците, родителите и општествената средина на живеење;

– да остварува резултати во дополнителната и додатната настава;

– да има остварени резултати во слободните активности со децата, учениците (освоени дипломи, признанија, пофалници, благодарници и сл.);

– да зема учество во јавната и културна дејност на установата;

– да има учествувано на ученички натпревари во знаење и освоени награди (општински, регионални, државни и меѓународни), што е еден од најосновните услови;

– да учествува во реализација на проекти, едукативни семинари и добиени сертификати;

– да зема активно учество на стручни расправи, симпозиуми, манифестации, научни собири, конгреси, одбележувања и сл., кои се од поширока воспитно–образовна дејност;

– да зема учество во изработување учебници, прирачици и со свои стручни прилози да соработува во стручниот печат;

– да е активен член во установата каде работи и да членува во некои форуми на општествената средина и пошироко

– при изборот на Просветен работник на годината, при ист број на бодови приоритет ќе има кандидатот којшто е предложен од установата каде работи и којшто има добиено Признание Просветен работник на годината на општина, регион или установа во која работи во изминатите години (не тековната година).

Доколку се погледнат наведените критериуми симптоматично е тоа што Радески веќе три години е директор на установата и во ниеден случај не учествува директно во едукацијата и наставата на учениците и со тоа не усполнува голем дел од условите за добитник на признанието.

Please follow and like us:
Tagged