И Заев и Пендаровски велат дека резултатите од пописот нема да влијаат на Рамковниот и Уставот

Македонија

Пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично. Да се растовариме од оваа работа, порача денеска премиерот Зоран Заев во однос на, како што рече, дебатите дали по резултатите од пописот „требало да се отвори Уставот или не“.

Пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што ни требаат во државата и тоа треба да го спроведеме. Одговорност е на секој граѓанин, не на Заев и Мицкоски, истакна премиерот.

И претседателот Стево Пендаровски, вчера во Топ Тема на телевизија Телма побара од лидерите на партите да договорат, политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот,  се со цел да не се оспоруваат бројките од пописот.

Мораме да сфатиме една работа. Во демократијата правата на луѓето мораат да одат само нагоре и нагоре, никако надолу, никако надолу, тоа е рецепт за катастрофи и тензии. Ние ги имавме тие работи. Значи, на крајот на краиштата би предложил сосема не е битно кој колку е во оваа земја, не можеме да одиме ти си 19,9 шпекулирам и сега ти ги немаш тие права, а со 20,1 ги имаш, рече Пендаровски.  

Please follow and like us:
Tagged