Денеска ќе се одлучува за нови рестриктивни мерки

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека тие би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работата на угостителските објекти, одредени економски субјекти, компании и секаде каде што се смета дека има ризик.

Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава. За воведување полициски час, лично сметам дека во овој момент е сè уште рано, но во даден момент и тоа може да биде предложено, посочи Филипче.

Еден од најдобрите параметри коишто ги следеле бил капацитетот во болниците. Иако, како што кажа министерот, има слободни места, капацитетот се исполнува.

– Само претходниот ден имаше голем број на приеми. Во функција е модуларната болница со дополнителните тимови. Болницата во Козле, исто така, е спремна. Но, гледаме дека се исполнуваат капацитетите и согласно со тоа можно е да предложиме и дополнителни рестрикции, рече министерот за здравство.

За училиштата Филипче напомена дека засега не се размислува за предвремен зимски распуст, бидејќи е мал бројот на заразени деца во градинките и училипштата и во изолација се одреден процент. 

Please follow and like us:
Tagged