(ФОТО) Жители на Лескоец потполно заборавени: Во 21-ви век газат по улици полни со кал и вода

Охрид

Жители на охридското село Лескоец, живеат во услови кои се недозволиви во 21 век.

До нашата редакција стигнаа фотографии од неасфалтирана улица полна со кал и вода.

Лесковчани се жалат дека кога ќе заврне за нив почнуваат кошмарите со оглед на тоа што буквално неможат да поминат по улицата.

– Условите за живот се под човечкото достоинство, каде ниту елементарните права на се запазени. Плаќаме придонеси и даноци, а надлежните од општината мува не ги лази, велат револтирано жителите.

Тие упатуваат апел до локалната власт побрзо да превземат мерки и да ја асфалтираат улицата.

Please follow and like us:
Tagged