Кај 20-годишен охриѓанец полицијата пронајде кеса со марихуана

Охрид

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишен охриѓанец, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Кај него, при извршен преглед во такси патничко возило во кое бил со 38-годишник од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged