Полицијата пишала 12.000 сообраќајни казни за неполн месец

Македонија

За три недели, откако почнаа засилените сообраќајни контроли, на територијата на државата се изречени над 12.000 санкции, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, и додаде дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

– До сега во три седмици откако почнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, истакна Ангеловски денеска од Кичево, каде за еден час беа изречени 70 санкции.

Please follow and like us:
Tagged