Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Охрид

Во вторник, 20 Октомври, со почеток во 18:30 часот, ВМРО-ДПМНЕ организира протест во Охрид против, како што велат, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

“Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.

Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.
СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!“, се вели во соопштението на партијата

Почетокот на протестот е на булеварот „Туристичка“ на влезот на Охрид, додека крајната цел е ЈП Билјанини извори.

Од партијата повикуваат на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, притоа секој со себе да носи лична заштитна опрема.

Please follow and like us:
Tagged