Заев: Најдовме решение за пет историски личности, ќе најдеме и за Гоце Делчев, но во духот на пријателството

Македонија

Бугарија не бара промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали се размислува за нов договор меѓу Македонија и Бугарија и дали Софија побарала промена на нашиот Устав.

– Договор ние веќе имаме. Тоа е Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Низ тој договор се решаваат историски поглавја што треба да бидат дел од нашето заедничко чествување низ кое ќе го градиме пријателството, а тоа е како дел од заедничката историја, рече Заев и најави дека во следниот период ќе продолжат разговорите на заедничката Комисија за историските прашања, изразувајќи охрабрување да продолжат со засилена динамика.

– Jа поздравувам уште еднаш работата на Комисијата, инвентивноста и меѓусебното разбирање и верувам дека ќе се изнајдат решенија на прашањата како што е следното Гоце Делчев и сите следни коишто ќе ги отворат. За една година имаме решенија за пет историски личности, во три историски периоди и тоа само по себе е потврда дека продолжуваме и понатаму да ги решаваме прашањата, токму во духот на пријателството, соработката и негувањето на добрососедските односи помеѓу двете земји, истакна Заев.

Please follow and like us:
Tagged