ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Вечна нека биде идејата на Организацијата!

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита големиот државен празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во честитката се вели:

“Шесте великани на 23 октомври 1893 во Солун ги удрираат темелите на македонската револуционерна борба. Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставуваат темелите на Организацијата, која ќе стане симбол на борбата на Македонците за слобода и своја татковина – Македонија. И по 127 години оддаваме почит на сите борци за Македонија.

И покрај тешките искушенија, восхит и очајување, делби и меѓусебни конфронтации крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија. Македонија поминува низ тешки искушенија, порази и очајувања, но сплотени продолжуваме напред за да го поразиме најголемото зло кое надвиснало над народот.

Вечна нека биде идејата на Организацијата!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Вечна Македонија!”

Please follow and like us:
Tagged