Полицијата одзела шест мрежи со уловена пастрмка во Охридско Езеро, спроти Канео

Охрид

Полицијата синоќа спречила рибокрадци во Охридско Eзеро.

„Во периодот од 22:00 часот на 06.11. до 02:00 часот на 07.11.2020, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското Езеро, полициски службеници во водите на Охридското Езеро, спроти „Канео“, на околу 1 км од брегот на езерото, пронашле и одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска пастрмка“, соопштуваат од МВР.

Риболовниот алат бил подигнат од водите на езерото и предаден во Полициска станица за Граничен надзор Охридско Езеро, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело „незаконит риболов“.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged