ВМРО-ДПМНЕ Струга: Нека ни е честит 8 ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга!

Регион

Во далечната 1944 година на 8 ми Ноември силно одекнала веста за ослободувањето на Струга!

Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Струга по тој повод, упатува честитка до сите граѓани на град Струга.

И секако длабок наклон за сите паднати борци за слобода на нашиот град!

Овој ден нека е симбол на слободата и нека ни е патоказ и водилка да го чуваме и негуваме она што нашите предци го извојувале крваво и макотрпно!

Нека ни е честит 8 ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга!

По повод 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга положи свежо цвеќе на спомен плочата на Споменикот на Револуцијата.

Please follow and like us:
Tagged