Макрадули – универзален функционер: Откако донесе чист воздух од Алпите, сега ќе ја „оправи“ пошта

Македонија

Во однос на кадровските решенија, Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД Пошта на Северна Македонија“ во  државна сопственост–Скопје  да го избере Јани Макрадули.

Макрадули својата политичка кариера ја започнал во 1996 година кога станал член на Советот на Општина Центар од редовите на СДСМ. Во 2002 година бил избран за пратеник. По промена на власта во 2008 година станал потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Во периодот од 1999 до 2006 година бил избран во ИО на СДСМ, а од 2006 до 2009 бил потпретседател на партијата. Во 2012 година од страна на партијата бил кандидиран за градоначалник на Скопје.

Во претходниот мандат на Владата на СДСМ беше заменик министер за животна средина и просторно планирање.

Please follow and like us:
Tagged