Повлечена точката за 18 вработувања во ЈП Водовод Охрид и личен возач на директорот

Охрид

По реакциите на опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на вчерашната седница на Советот на општина Охрид, ја повлече точката за 18 вработувања во ЈП Водовод Охрид и личен возач на директорот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев, во реакцијата за новите вработувања посочи дека иако има над 250 вработени, директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството.

– Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се  пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници, истакна Донев и додаде дека ЈП „Водовод“ наместо да биде најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови.

Please follow and like us:
Tagged