Изворите секнаа, охриѓани пијат езерска вода

Охрид

Пресушуваат изворите од кои Охрид се снабдува со вода за пиење. Бидејќи издашноста на Летничките извори е мала, а Билјанините секнаа, градот се’ повеќе потребите од водоснабдување ги задоволува со испумпување на вода од Охридското Езеро. Ако во септември издашноста на Летничите извори била 26 литри во секунда, сега е 18 литри во секунда.

Водостојот опаѓа така што за да се испорачаат 320 литри вода во секунда колку што му се потребни на градот, покрај спомнатите извори се користат и бунарите во Студенчишта, Метропол и селото Орман. Бидејќи изворската вода не е доволна, принудени сме или да ја користиме езерската вода или да копаме бунари, вели директорот на Ј.П. ,,Водовод“ пренесува Алфа.мк

– Нема, ќе треба да се бараат бунари, ископини за да се обезбедува вода. Економски неисплатливо е да се црпи вода ако имаме по слободен пат вода. Пумпите не оптеретуваат со многу струја, така да не е исплатливо да се испумпува вода од езерото за снабдување на градов, рече Светозар Стефановиќ, директор на Ј.П ,,Водовод“ Охрид.

Целиот текст може да го прочитате на Алфа.мк

Please follow and like us:
Tagged