Какво време не очекува за викендот?

Охрид

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и ведро време со мала до умерена локална облачност. Веќе од попладне ќе почне да дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер по што во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините во северните и западните делови ќе има услови за провејување на снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во голем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Please follow and like us:
Tagged