„Билка“: Планот на Заев за легализација е дека легално марихуана ќе може да си купиме само од НИВ

Македонија

По изјавата на премиерот Зоран Заев, дека владата размислува за легализација на марихуаната, со цел да се стимулира туризмот и економијата, со реакција се јавија од Здружението за канабис и зелени политики „Билка”.

Велат она во што се сомневавме и на кое се противевме полека се остварува.

-Планов ни е од лани познат само нашите информации велеа Скопје, Струмица и Охрид. Начелно нема ништо лошо да се легализира и продава во локали, но моделот е многу важен. И легализацијата на канабис во медицински цели е добра идеја па видовме како тоа заврши, со воведување екстремно високи услови со цел ограничување на пристапот, велат од Билка.

Оттаму велат дека круцијално прашање е дали граѓаните ќе може да садат дома?

-Внимателно прочитајте ја реченицата „потеклото на канабисот“ ова нам ни укажува дека нема да се дозволи садење дома туку легално ќе може да си купиме само од НИВ, во спротивно пак ќе бидеме апсени и третирани како криминалци. Нека им служи на чест на владините невладини кои учествуваат во вакви бљувотини. ОТПОР!, велат од „Билка“.

Please follow and like us:
Tagged