Ваучери за домашен туризам ќе има и следната година

Охрид

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обзбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на МТВ.

– Согласно Уредбата која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември. Но, во предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, тоа би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година, рече Бектеши.

Please follow and like us:
Tagged