Поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(52) од Струга, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
– Тој, во својство на сопственик на катарстарска парцела во Струга, во текот на годинава, без соодветно одобрение и спротивно на основниот урбанистички проект, започнал со изградба на станбена куќа. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да се отстрани дел од нелегалната градба, истакна Димоски.
фото: архива
Please follow and like us: