Полицијата затекнала таксисти кои вршат превоз на патници без лиценца, им поднесе пријава

Регион

ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(59) и С.Г.(44), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При контрола извршена од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на 20.10.2020 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „Мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „Сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged