Внимавајте! Полицијата следи и казнува кога на „Фејсбук“ се пишува против Бугарија

Македонија

Полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги.

– Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата, изјави министерот.

Тој рече дека секојдневно соработуваат и со бугарските колеги, со тамошното МВР, за вакви случаи таму и за секое друго прашање – говор на омраза, организиран и транснационален криминал, миграција, и тоа не само со соседните земји туку и со сите земји во регионот и во ЕУ.

Please follow and like us:
Tagged