Од ноќеска локален дожд и снег, утре услови за снег и на пониските места

Охрид

Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, во текот на ноќта и утре услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава.

Максималните дневни температури од утре ќе бидат многу пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Разведрување на времето насекаде ќе има во текот на утрешната ноќ, токму поради ова и температурите на воздухот во вторник наутро ќе бидат насекаде негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

Please follow and like us:
Tagged