Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во врска со узурпацијата на Охридското Езеро во населба Далјан и спратот којшто е изграден на кровот од зградата во близина на градскиот пазар

Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески да престане да ја потценува интелигенцијата на охриѓани и веднаш преку комуналниот инспектор да издаде налог до ЈП „Охридски Комуналец“ да пристапи кон чистање на теренот каде што се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во населбата Далјан со оглед на тоа што е неспособен да го најде сторителот, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Оттаму додаваат:

„Не смее Георгиески да остава ваквите работи да си течат, негова обврска е да си ја заврши работата и да поднесе кривична пријава до институциите против непознат сторител за отакако ќе се открие сторителот да се надополни штетата.

Георгиески да одговори дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата во близина на градскиот пазар, како што можевме да видиме од фотографиите на социјалните медиуми?

Доколку е тоа така ВМРО-ДПМНЕ ќе поденесе соодветна кривична пријава до надлежните институции.“

Please follow and like us:
Tagged