Приведен жител на Трпејца – полицијата му заплени голема количина белвица

Охрид

На 02.12.2020 полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, лишиле од слобода 38-годишен жител од охридското село Трпејца, поради извршен незаконит риболов во водите на Охридското Езеро, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, истакна Димоски.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged