На плажа на Охридското Езеро, пронајдени сандаци со муниција од Втората светска војна

Регион

На 01.12.2020 во 13.45 часот, во ОВР Струга  пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged