Димовски: Утепуваат сликите од Охрид, но повеќе утепува молкот…

Охрид

Катастрофа со месеци… Охридското Езеро е веќе под дозволениот минимум… На дневна база се намалува, пред очите на луѓето…, пишува на Фејсбук, поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реагирајќи на состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро.

Покрај сушниот период (кој не е прв), дали празнењето (а празни се) на Глобочица и Дебарско Езеро (за производство на струја) ја земаат цената за Охридско?, прашува Димовски

„Утепуваат сликите од Охрид, но повеќе утепува молкот… Никој не гледа, никој не слуша, никој не зборува од надлежните…“, пишува Димовски.

Please follow and like us:
Tagged