Затуроска: Кој ја краде водата во Струга? Кој профитира од маката на стружани?

Регион

Струга град на вода, а без вода! Дали градоначалникот ќе се одважи да им објасни на граѓаните чија е бизнис зделката која се прави со водата, а стружани ќе мораат да плаќаат повеќе струја со изговор дека таа е “ПОЕВТИНА” во текот на денот отколку навечер?!, прашува поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Лилјана Затуроска, и нагласува дека ова е срам за градските власти кои си поигруваат со трпението на стружани!!

– Веќе две недели во Општина Струга од 22 часот до 5 часот сабајле се запира водата за пиење. Симптоматично е тоа што ова се случува само во доцните вечерни часови кога има евтина струја, а поради слабиот притисок на водата или целосно непостоечкот, на граѓаните им е одземено правото да ги користат придобивките од евтината струја!! Објаснување нема зошто граѓаните се одземени од можноста да ја користат евтината тарифа на струјата во ноќниот период! Нема одговор на прашањето!!, вели Затуроска.

Таа прашува кому општина Струга ја продава водата и Кој профитира од маката на стружани?

– Доста ги лажете граѓаните!! Излезете со одговор за проблемот со водата и дајте решение на истиот што побрзо!! Водата ја нема во лето, а уште помалку во зимскиот период!! Ова е срамота за градските власти и бедното манипулирање на граѓаните!!, напиша на Фејсбук, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Лилјана Затуроска.

Please follow and like us:
Tagged