Во сабота, 12 декември, стружани ќе го изразат своето незадоволство поради се поголемите и почести прекини на водоснабдувањето.
Градот кој буквално лежи на вода, останува без вода. Особено последниов период, изминативе неколку месеци се повеќе се случува Струга да биде без осоновното – водата во овие пандемиски услови.
Деновиве дури се случува и се почесто намалување на притисокот, особено во вечерните часови, при што како што велат стружани, немаат вода ниту за капење во своите домаќинства.
Please follow and like us: