Кривична за жител на Трпејца и жител на Пештани: Биле фатени со поголема количина риба

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на охридското село Трпејца и 36-годшен жител на селото Пештани поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

– Тие на 02.12.2020 биле затекнати на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на населбата „Лагадин“, при излегување од пловен објект во водите на Охридско езеро, при што полициските службеници пронашле и одзеле 110 парчиња риба белвица, 30 парчиња риба грунец, помала количина риба клен, мрена, како и девет рибарски мрежи, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Пронајдените предмети биле предадени во Јавната научна установа „Хидробилошки завод“ Охрид.  

Please follow and like us:
Tagged