Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Струга-Ќафасан

Регион

На 21.12.2020 година во 20.55 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Тој бил пренесен во Општата болница во Струга каде, им подлегнал на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged