Вечерва на булеварот „Железничка“ во Охрид се случила тешка сообраќајна незгода. Портпаролот на СВР Охрид, во изјава за ОХРИД 24 ја потврдува незгодата и вели дека полициски екипи се на терен и вршат увид по што ќе бидат познати деталите за сообраќајката.
Неофицијално дознаваме дека во незгодата се повредени две малолетни лица, кои се префрлени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Во нив удрил автомобил со струшки регистарски ознаки.
Повеќе детали од полицијата се очекува да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
Please follow and like us: