Полицијата соопшти детали за вчерашната тешка сообраќајна незгода на „Железничка“

Охрид

На 24.12.2020 во 18,25 часот во Охрид на булевар „Железничка“ во Охрид, Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид, истакна Димоски.

За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.

Please follow and like us:
Tagged