ВМРО-ДПМНЕ Охрид на сите граѓани им ја честита Новата 2021 година

Охрид

Со искрени желби за добро здравје и многу радост, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им ја честита Новата 2021 година.

Во честитката се вели:

Да не се враќаме назад и да ги заборавиме сите лоши работи коишто ни се случиле изминатата година. Во Новата година следуваат големи предизвици и промени со нови идеи. Охрид мора да доживее промени и да биде подобро и поубаво место за живеење. Успесите ќе дојдат со промените затоа што тие се наша обврска како генерација која се одликува со добра мисла и сила да истрае и тогаш кога е најтешко.

Во Македонија мора да се случи што побрзо вакцинацијата за да ја надминеме здравствената криза. Одговорноста нека биде одлика на сите граѓани за време на празниците. Да надвладеат мудроста, хуманоста, чесноста и праведноста.

Посакуваме среќата да биде вечност, љубовта – вечен пријател, здравјето – непресушно богатство, а животот исполнет со надеж, мир и благодат.

Среќна Нова 2021 година!

Please follow and like us:
Tagged