Сообраќајка на ул. „7 Ноември“, едно лице повредено

Охрид

Вечерва пред околу еден час, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, во близина на комплексот маркети, се случила тешка сообраќајна незгода. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврдува незгодата и вели дека има повредено едно лице.

– Лицето со возило на Итната медицинска помош е пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, вели Димоски.

На местото на настанот во моментов се врши увид, кој треба да ги открие причините за несреќата, по што ќе бидат соопштени повеќе детали.

Please follow and like us:
Tagged