Во вчерашната сообраќајка на „7 ноември“ повредена 18-годишна девојка

Охрид

На 03.01.2021 година во 18:15 часот на улицата „7 ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.П.(20) од селото Злести, општина Дебарца и „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(38) од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– По незгодата, А.Т.(18), сопатник во првото возило била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се констатирани телесни повреди, истакна Димоски.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи.

Please follow and like us:
Tagged