Власта го покажа своето лицемерно лице преку примерот со Вевчани

Регион

Сосема човечки и природно е да се осудат сите повици на насилство независно во кое време и од кого доаѓаат. Истото се однесува и на најновите облици на агресија во Македонија, притоа ненавлегувајќи подлабоко во анализа дали нивниот автор се вика Господин или се презива Тричковски.

Меѓутоа, она што длабоко повредува и пече е лицемерието на власта на СДСМ кое драстично се разликува од случај во случај?!

На 4.1., како одговор на ваков повик за насилство, државата одлучи да реагира со кордон од возила, со десетици силно наоружани полицајци кои дојдоа длабоко во ноќта, вознемирувајќи ги невините жители на Вевчани…

Меѓутоа, претходно во 100 други наврати, истата таа власт, не собра сила да испрати ниту еден полицаец или да реагира на било каков начин преку нејзините механизми во однос на илјадниците полоши повици за насилства врз лидерот на Опозицијата или врз други лица кои се противат на начинот на кој се однесува хунтата во Македонија изречени од ликови како Тричковски?!

Ова е дефиниција за лицемерие, драги пријатели, а нејзиниот потписник се вика СДСМ.

За среќа, повеќе од јасно е дека се прочитани!

фејсбук статус на Ѓорѓи Влајнкиноски

Please follow and like us:
Tagged